Упатство on activities
Организирајте сопствена активност со #EUCodeWeek
Што е Европска недела на кодирање?
Европска недела на кодирање е движење на пошироко членство предводено од волонтери и поддржано од Европската Комисија. Сите - училишта, наставници, библиотеки, клубови за кодирање, деловни субјекти, јавни органи - може да организираат #EUCodeWeek активност и да ја додадат на мапата codeweek.eu.
-
За да ја споделите пораката за важноста на кодирањето.
-
За да видите голем број на вклучени ученици.
-
За да изградите врски со организации и/или училишта во вашата заедница или на меѓународно ниво.
-
За да најдете поддршка од други организатори и наставници.
-
За да стекнете Сертификат за извонредност.
Што ви е потребно за да организирате активност?
Група луѓе кои се желни за учење. На пример, ваши пријатели, деца, тинејџери, возрасни колеги, родители или баби и дедовци. Запомнете, двајца се веќе група!
Наставници или тренери на кои им е позната активноста на кодирање и знаат како да подучуваат и инспирираат други. Бројот зависи од типот и големината на настанот.
Место за учење. Училници, библиотеки, конференциски сали и различни јавни места, се одличен избор за одржување настан.
Компјутери и интернет врска. Во зависност од вашата целна група, може да побарате од учесниците да донесат свои лаптопи.
Кодирање без интернет. Вам всушност не ви се потребни компјутери и интернет врска за да научите компјутерско размислување. Погледнете го нашето делче за учење без интернет за да започнете.
Материјали за учење. Покажете им на учесниците колку забавно може да биде самите да креираат нешто. Проверете ја нашата страница со ресурси и делчињата за учење со видео упатства и планови за лекции и прилагодете ги на потребите на вашата група.
Регистрирајте учесници. Ако имате ограничен расположлив простор, може да користите онлајн алатки какви што се Google forms и Eventbrite да регистрирате учесници.
Не заборавајте да ја прикачите вашата активност на мапата на Неделата на кодирање!
Како да организирате активност?
-
Формата на вашиот настан на кодирање зависи од вас, но наша препорака е да испланирате одредено време за практична работа, каде што учесниците ќе можат сами да креираат и/или да се обидат да унапредат одреден хардвер.
-
Употребувајте алатки и технологии соодветни за вашата целна група. Препорачуваме користење на слободно достапен материјал од отворен извор.
-
Охрабрете ги учесниците да покажат и презентираат еден на друг што креирале на крајот од настанот.
-
Споделете ги вестите! Промовирајте и споделете што сте направиле во текот на активноста на социјален медиум со користење на хаштагот #EUCodeWeek. Исто така може да споделувате на групата за наставници на Европската недела на кодирање и на Twitter (@CodeWeekEU). Разговарајте со пријателите, колегите, локалните медиуми и одржете прес-конференција.
-
Не заборавајте да јадодадете вашата активност на мапата на Неделата на кодирање!
Промотивен материјал
Погледнете ги нашите упатства и материјали за обука коишто се достапни на 29 јазици, за да се подготвите да организирате активности преку кои младите учат кодирање и компјутерско размислувње.
Преземете ги следните прибори со алатки за да ви помогнат да започнете:
Прашања?
Ако имате прашања за организирање и промовирање на вашиот #EUCodeWeek настан, остварете контакт со еден од Амбасадорите на Европската недела на кодирање од вашата земја.
You can also visit our FAQs page.